Цветни колачиња
Состојки
- За тесто
- 400 гр брашно
- 100 гр шеќер во прав
- 200 гр путер
- 1 лажичка ванила екстракт
- 1 жолчка
- 10 лажици млеко
- прстофат сол
- За фил
- 50 гр путер
- 100 мл слатка павлака
- 100 гр чоколадо
- 2 лажички инстант кафе
- За глазура
- 1 белка
- 100 гр шеќер во прав
- 1 лажица сок од лимон
- прстофат розева прехрамбена боја
Подготовка
Ова се слатки и декоративни колачиња со вкус на кафе. Следи подготовката за овој лесен и вкусен рецепт.
1. Путерот го сечкаме на мали парченца. Сите состојки за тесто ги замесуваме во еден сад. Ја оставаме топката од тесто во фрижидер ½ час.
2. Ја вклучуваме рерната на 180 степени.
3. Ја расукуваме кората да ни биде со дебелина од 4-5 мм и вадиме со калапче цветчиња. Ги редиме во плех и ги ставаме да се печат во веќе загреаната рерна, околу 15 минути. За тоа време го подготвуваме филот.
4. Слатката павлака заедно со путерот и кафето ги ставаме на тивок оган. Кога ќе се доведе до точка на вриење, а при тоа лесно промешуваме, го тргаме на страна и додаваме чоколадо. Филот го мешаме додека да се растопи , па го оставаме да се лади.
5. За глазурата или ројал ајсингот убаво ги матиме белката со шеќерот заедно со розевата прехрамбена боја, па на крајот додаваме лимонов сок. Половина од колачињата ги потопуваме во глазурата или мачкаме одозгора. Ги оставаме да се подисушат.
6. На другата половина ставаме фил со помош на шприц. Ги поклопуваме со глазираните колачи.
Забелешка
Од оваа доза со ова калапче излегуваат околу 45-50 колачиња.