Фенерчиња
Стасајте го квасецот со дел од топлото млеко, 2те лажички шеќер и малку брашно. Потоа, од брашното, стасаниот квасец, маслото и солта, со помош на топлото млеко замесете тесто. Покријте го со најлон и крпа и оставете да одстои додека се дуплира.
Виршлите пресечете ги на половина хоризонтално и вертикално.
Готовото тесто разделете го на 2-3 дела и расукајте на масата четвртаста кора. Со остар нож сечете коцки 5 на 5 см. На секоја коцка на почетокот ставете парче виршла, премачкајте ја со малку сенф и наросете буковец. Потоа, на останатиот дел направете 3 засеци (фото1). Сролајте лабаво од страната на виршлата.
Вака спреманите фенерчиња се редат во плех и се оставаат уште некое време да нараснат. Потоа се премачкуваат со јајце и се посолуваат со малку сол. Се печат на 180 степени околу 10 мин. додека поруменат.
Добар апетит!
* Сенфот и буковецот во филот не е во оригиналниот рецепт, како и посолувањето одозгора. Тоа е по моја желба и ако не ви се допаѓа не морате ни да ги ставите. Исто така и млекото е 600 мл, но е многу, или едноставно зависи од степенот на загреаноста на млекото и упивливоста на брашното... за уште 50 мл плус сами проценете си, иако не верувам дека ќе ви требаат.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола
Лиценца: Сите права се задржани
Ama jas ne se otkazuvam.... Ne smeam da se popravam po nikoja cena!!!
под Хитно (со Х) да си сменила кај што пишува ВРСКА НЕМА ОД ГОТВЕЊЕ....некој може ќе те сфати озбилно :) :) :) :)
Супер си ги направила-мајсторски! Филџанот и лажицата се фантазија и комплетно сликата е многу убава и мераклиска. Ти благодарам!