Испечати

Фенерчиња

Фенерчиња

Состојки

  • 1 кг брашно
  • 550 мл млеко
  • 1 квасец (40гр)
  • 200 мл масло
  • 1 лажиче шеќер
  • 2 лажичиња сол
  • 1/2 кг виршли
  • 1 јајце за премачкување
  • * сенф, , буковец, сол (по желба)

Подготовка

Стасајте го квасецот со дел од топлото млеко, 2те лажички шеќер и малку брашно. Потоа, од брашното, стасаниот квасец, маслото и солта, со помош на топлото млеко замесете тесто. Покријте го со најлон и крпа и оставете да одстои додека се дуплира.
Виршлите пресечете ги на половина хоризонтално и вертикално.
Готовото тесто разделете го на 2-3 дела и расукајте на масата четвртаста кора. Со остар нож сечете коцки 5 на 5 см. На секоја коцка на почетокот ставете парче виршла, премачкајте ја со малку сенф и наросете буковец. Потоа, на останатиот дел направете 3 засеци (фото1). Сролајте лабаво од страната на виршлата.
Вака спреманите фенерчиња се редат во плех и се оставаат уште некое време да нараснат. Потоа се премачкуваат со јајце и се посолуваат со малку сол. Се печат на 180 степени околу 10 мин. додека поруменат.
Добар апетит!
* Сенфот и буковецот во филот не е во оригиналниот рецепт, како и посолувањето одозгора. Тоа е по моја желба и ако не ви се допаѓа не морате ни да ги ставите. Исто така и млекото е 600 мл, но е многу, или едноставно зависи од степенот на загреаноста на млекото и упивливоста на брашното... за уште 50 мл плус сами проценете си, иако не верувам дека ќе ви требаат.
Ви препорачуваме во подготовката на овој рецепт да употребите Делимано Ростер ; Касерола