Урмашици со ореви
Се меси тесто од сите состојки додека добие мазна структура. Тестото не треба да биде многу тврдо, затоа брашното не може прецизно да се одреди која количина. Зависи од самото брашно,од густината на павлаката но мерата се движи во напишаните количини.
Откако ќе се измеси од тестото се зема парче со големина на орев,се расплескува на рапавата страна на рендето и се рола. Колачите се печат во подмачкан плех на 180 степени околу 25 минути.
Водата и шеќерот се ставаат да зовријат и вријат околу 6 минути. На крај се додава лимонот и ванилите и се парат оладените колачи со врел шербет.По желба може да се свалкаат во мелени ореви а и не мора.
Обично формата е таа но може и да се експериментира,составот трпи измени.
Лиценца: Сите права се задржани