Урда со пиперки (зимница)
Супер освежителна зимница. Ја правиме веќе трета година. Прво си правиме урда, после си правиме и урда со пиперки.
Рецептот за домашна урда веќе го поставив.
Во тегла се става урда колку да се покрие дното, се ставаат пиперки сецкани на парчиња по желба. Бидејки пиперките треба малку да крцкаат при јадење, пожелно е парчињата да не се преситни. Доволно би било да се широки окулу 1см.
Се реди урда, пиперки, удра пиперки се додека не се наполни теглата. По секој ред убаво се притиска смесата за да не остане воздух во теглата. Може да се стави малку масло на врвот, колку да го затвори врвот како капак.
Се стегаат убаво капаците и се редат во тенџере кое на дното има неколку листа хартија. Се долева вода во тенџерето. Колку повисоко има вода, толку подобро.
Кога водата ќе почне да врие, се остава 10ина мин да врие и потоа се гаси ринглата, а тенџерето се остава полека да се олади. Ќе знаете дека е добро вакумирано кога капачињата ќе се повлечат кон внатре, при притискање нема да има место каде да мрднат. Во случај да не се повлекло некое капаче, сменете го капачето или таа тегла искористете ја побрзо.
Смесата од урда со пиперки можете да ја правите и во голем сад, убаво да промешате, посолите по вкус и да ја редите во тегли, ама нам некако позгодно ни беше вака ред по ред. Не ни успеваше убаво да ја притиснеме смесата за да нема воздух во теглата, па ред по ред, поубаво притискавме.
Некои ја прават и брзата варијанта на ова, но не е ни слична, тоа е само обид на урда со пиперки. Пиперки од туршија помешани со урда и ставени во сад. Убаво е, ама не е пиперки со урда!
Да не се нервирам сега =))
Вуала. Уште еден постар рецепт за зиминица. Да не биде дека само благи работи сакам да правам =)
Лиценца: Сите права се задржани
е од што ставам *често* рецепти, сум го заборавила чувството на радост од рецепт на денот :)
и клариште, ДА, мислам дека почнав да готвам од инает на индустријата :) :) :) :)
фала ви на сите за коментарите и честитките <3
За да ти го олесниме испраќањето во идинина, погледни го видеото како да прикачиш рецепт
http://www.youtube.com/watch?v=ySxyI0oGixE
При пополнување на полињата за состојки прво кликни на ГРУПА, впиши ТЕСТО, кликни ДОДАДИ СОСТОЈКА и впиши ги состојките на таа група. Процедурата е иста за секоја група посебно (ШАМ, ШЕРБЕТ итн).
Погледни го и видеото како да направиш добра фотографија
http://moirecepti.mk/post/kako-da-napravis-dobra-fotografija/
Доколку ти е потребна помош во однос на фотографирањето, слободно
обрати ни се да ти ти помогнеме.
Обиди се да фотографираш на дневна светлина и без блиц, изворот на
светлина да не доаѓа од зад приготвениот рецепт и приготвеното јадење
да не биде фотографирано само од горе, туку при фотографирање да се
гледа пресекот на приготвеното јадење и малку горниот дел. Ни
превисоко, ни прениско.
и правилата за избор на Рецепт на денот и Рецепт на месецот
http://moirecepti.mk/post/izbor-na-recepti-na-denot-recepti-na-mesecot
За да провериш дали некој рецепт е веќе објавен на страната на МоиРецепти,
во горниот десен агол во полето БАРАЈ ВКУСНИ РЕЦЕПТИ, впиши ги клучните
зборови и кликни БАРАЈ.
На пример рецепт за ЛЕБ, ќе впишеш леб, ќе кликнеш барај и ќе се појави
листа на сите такви рецепти.
Доколку некој рецепт е веќе објавен, нема да можеме да објавиме ист таков.
Се надеваме дека ти помогнавме и за што и да треба слободно обрати ни се
тука или во порака на страната на ФБ.
https://www.facebook.com/moirecepti
Поздрав и имај убав ден :)