4
окт
2013
Пиперки полнети со урда(зимница)
Многу лесни за подготовка, само исчистете ги пиперките од шишки и семки, се мијат, се цедат. Убаво нека се исушат и се полнат убаво со посолена урда во која додавам црн пипер. Се редат во голема тегла, убаво прицврстени една до друга со отворот нагоре, се залеваат до врв со масло, целосно да се прекријат, се затвораат со капак и се чуваат на ладно, обично во фрижидер.
Одлично мезенце или пролог кон разна храна.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови