Испечати

Пиперки полнети со урда(зимница)

 Пиперки полнети со урда(зимница)

Состојки

  • 1кг.-1,500гр. пиперки (бабури,гамби и сл.) по избор
  • 1кг.-1,500гр. несолена урда(изварка)
  • 500-600гр. масло,сол,црн пипер

Подготовка

Многу лесни за подготовка, само исчистете ги пиперките од шишки и семки, се мијат, се цедат. Убаво нека се исушат и  се полнат убаво со посолена урда во која додавам црн пипер. Се редат во голема тегла, убаво прицврстени една до друга со отворот нагоре, се залеваат до врв со масло, целосно да се прекријат, се затвораат со капак и се чуваат на ладно, обично во фрижидер.
Одлично мезенце или пролог кон разна храна.