Испечати

Урда со пиперки (зимница)

Урда со пиперки (зимница)

Состојки

  • За 4 тегли
  • по потреба урда (окулу 2 кг)
  • по потреба свежи пиперки (окулу 1-2 кг)
  • по вкус сол

Подготовка

Супер освежителна зимница. Ја правиме веќе трета година. Прво си правиме урда, после си правиме и урда со пиперки.

Рецептот за домашна урда веќе го поставив.

Во тегла се става урда колку да се покрие дното, се ставаат пиперки сецкани на парчиња по желба. Бидејки пиперките треба малку да крцкаат при јадење, пожелно е парчињата да не се преситни. Доволно би било да се широки окулу 1см.
Се реди урда, пиперки, удра пиперки се додека не се наполни теглата. По секој ред убаво се притиска смесата за да не остане воздух во теглата. Може да се стави малку масло на врвот, колку да го затвори врвот како капак.
Се стегаат убаво капаците и се редат во тенџере кое на дното има неколку листа хартија. Се долева вода во тенџерето. Колку повисоко има вода, толку подобро.
Кога водата ќе почне да врие, се остава 10ина мин да врие и потоа се гаси ринглата, а тенџерето се остава полека да се олади. Ќе знаете дека е добро вакумирано кога капачињата ќе се повлечат кон внатре, при притискање нема да има место каде да мрднат. Во случај да не се повлекло некое капаче, сменете го капачето или таа тегла искористете ја побрзо.

Смесата од урда со пиперки можете да ја правите и во голем сад, убаво да промешате, посолите по вкус и да ја редите во тегли, ама нам некако позгодно ни беше вака ред по ред. Не ни успеваше убаво да ја притиснеме смесата за да нема воздух во теглата, па ред по ред, поубаво притискавме.
Некои ја прават и брзата варијанта на ова, но не е ни слична, тоа е само обид на урда со пиперки. Пиперки од туршија помешани со урда и ставени во сад. Убаво е, ама не е пиперки со урда!
Да не се нервирам сега =))
Вуала. Уште еден постар рецепт за зиминица. Да не биде дека само благи работи сакам да правам =)