Триаголници со кори од хељда
Кога ги купив корите, бев малку скептична какви ќе се на вкус, но топло ви ги препорачувам ако досега не сте ги пробале. Инаку можете да ги приготвите со било кави кори.
Прво го пржиме спанаќот со малку зејтин. Кога ќе олади се додава ренаданото сирење.
Со вилушка се матат јајцата, се додава павлаката, зејтинот и малку сол и пак со вилушка се мати.
Се зема една кора и се пречкува целата со филот. Кон средината се преклопува и од двете страни. Пак премачкуваме од филот и ја преклопуваме од една страна. Пак од филот и на едниот крај ставаме една лажица од спанаќот со сирењето. Сега правиме триаголник.
Така со сите кори.
Ги редиме во плех на хартија за печење.
Се печат во загреана рерна на 170 степени околу 20-25 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови