
15
мај
2012
Тортелини со три видови сирење
Тортелините ги вариме во зовриена вода, од кога се готови ги прецeдуваме од водата.
Во друг сад правиме бешамел сос, а тој се приготвува на следниот начин:
го ставаме маргаринoт да се растопи и се додава брашното. Се запржува малку и се додава млекото. Се става отприлика да добиеме густа смеса слична на палачинки. Од кога ќе зоврие се става рендан кашкавалот, рендана моцарелата и зденките, сета смеса да зоврие. Ако е густо се додава млеко.
Готовата смеса се меша со тортелините и добар апетит, може да се јаде.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ќе ставиш малку, ќе мешаш да поприми бешамелот, ќе си пробаш и ќе си го добиеш саканиот вкус :)