Торта Menjar blanc
Ова торта која има оставено голем впечаток кај мене според моите информации е по потекло од Сардинија поточно од градот Алгеро. Рецептот за тортата се памети уште од далечната 1982 година, жителите на овој град најчесто ја подготвувале како десерт во периодот на војните кога состојките биле огромен луксуз. Оваа торта е составена со сирмашни состојки, но со многу богат вкус.
Да не ја должам многу, ако некоја од членките има повеќе информации нема да се на одмет.Еве го рецептот за оваа вкусна тортичка.
1. Најпрво подгответе го филот. Во тенџере на оган додајте го млекото, полека по малку додајте ги и шеќерот, нишестето и изренданата кора од лимонот. Филот варете го додека не се згусти со непркинато мешајте со лажица. Кога ќе биде готов тргнете го од огнот и оставете го на страна да се лади.
2. Преминете во подготовка на тестото .Брашното измесете го на работната маса, формирајте фонтана, додајте ги јајцата, една лажица од шеќерот и путерот. Почнете со месењето, откако смесата ќе стане ронлива додајте попотреба и малку вода јас додадов околу 50мл, вие проценете отприлика, но внимавајте да не додадете многу да не стане тестото лепливо, треба да биде мазно и еластично.
3. Тестото разделете го на 2 дела и од секој дел расукајте кора во дебелина околу пола сантиметара а со дијаметар според тавата во која ќе ја печете тортата ,мојата тава е бр.24 од оние за кростати.
Едната кора нанесете ја на дното на тавата, нанесете го филот врз кората а врз филот ставете ја другата кора замотајте ги краевите на корите и со вилушка
Набоцкајте ја тортата. Потоа наросете ја со преостанатиот шеќер.
Тортата печете за во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.
Совет-Не се разочарувајте ако месењето на тестото од почеток ви оди тешко,ќе утврдете дека потоа со самото месење тоа убаво ќе се оформи. Не сум запознаена дали во Мк има во продажба брашно од компир, но вие слободно може да си го замените до нишесте ( всушност и исто ќе му дојде изгледа).
Лиценца: Сите права се задржани
Мислам дека нешто е погрешена годината или така ми се чини? Мислам дека е постар рецептов:)