За првиот пандишпан ги матиме јајцата со шеќерот со миксер додека добро да се уработат. Потоа ги додаваме брашното измешано со пецивото и мешаме со лажица.
Грозјето го валаме во малку брашно и на крајот го додаваме во смесата. Плекчето го подмачкуваме со зејтин и го посипуваме со брашно. Пандишпанот го печеме на околу 180 -200 степени, време зависно од јачината на рерната. Јас ги печев во правоаголен плех може и во округло плекче.

Вториот пандишпан го правиме само со 3 белки. Прво ги матиме добро белките, а шеќерот го додаваме постепено. На крајот го додаваме оцетот. Снегот од белки го печеме во плекче обложено со хартија за печење.

За филот ја матиме добро слатката павлака со шеќерот. Половина ја тргаме во посебен сад. Во остатокот ги додаваме сечканите медени колачи и околу половина од сецканите лешници.
Го ставаме првиот пандишпан,го попрскуваме со сокот од портокал или мандарина и филуваме со филот со медените колачи.Одозгора ја ставаме кората од белките, ја попрскуваме со сок и филуваме со хопла. На крајот декорираме со сецкани лешнаци или ако сакате рендана чоколада. И ова торта е плод на мојата имагинација. Многу ни се допадна на вкус на мојата фамилија и на сите гости што ни дојдоа за празниците. Се надевам дека ќе ви се допадне и на вас. Пријатно засладување.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани