Торта со медени колачи
Состојки
- прв пандишпан
- 5 јајца
- 5 лажици шеќер
- 5 лажици брашно
- 100 грама суво грозје
- 1 пециво
- 1 ванила
- втор пандишпан
- 3 јајца ( само белките )
- 200 грама шеќер
- 1 лажица оцет
- фил
- 500 - 700 мл слатка павлака
- 3 -4 лажици шеќер
- 150 грама подпечени сецкани лешници
- 1 портокал или мандарина ( сок за попрскување на пандишпаните )
- 200 грама ситно кршени медени колачи
Подготовка
За првиот пандишпан ги матиме јајцата со шеќерот со миксер додека добро да се уработат. Потоа ги додаваме брашното измешано со пецивото и мешаме со лажица.
Грозјето го валаме во малку брашно и на крајот го додаваме во смесата. Плекчето го подмачкуваме со зејтин и го посипуваме со брашно. Пандишпанот го печеме на околу 180 -200 степени, време зависно од јачината на рерната. Јас ги печев во правоаголен плех може и во округло плекче.
Вториот пандишпан го правиме само со 3 белки. Прво ги матиме добро белките, а шеќерот го додаваме постепено. На крајот го додаваме оцетот. Снегот од белки го печеме во плекче обложено со хартија за печење.
За филот ја матиме добро слатката павлака со шеќерот. Половина ја тргаме во посебен сад. Во остатокот ги додаваме сечканите медени колачи и околу половина од сецканите лешници.
Го ставаме првиот пандишпан,го попрскуваме со сокот од портокал или мандарина и филуваме со филот со медените колачи.Одозгора ја ставаме кората од белките, ја попрскуваме со сок и филуваме со хопла. На крајот декорираме со сецкани лешнаци или ако сакате рендана чоколада. И ова торта е плод на мојата имагинација. Многу ни се допадна на вкус на мојата фамилија и на сите гости што ни дојдоа за празниците. Се надевам дека ќе ви се допадне и на вас. Пријатно засладување.