Торта со мандарини
Подготовка на пандишпанот
Путерот стопете го и оставете го да олади.
Јајцата изматете ги со шеќерот и ванилата да постанат светли и кремасти. Намалете ја брзината на миксерот и додајте го путерот, а потоа брашното измешано со пецивото и кората од мандарини.
Смесата истурете ја во тава за печење (26) намачкана со путер и посипана со брашно.
Ставете ја да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 мин.
Печениот пандишпан оставете го да олади и додека лади подгответе го филот.
Подготовка на филот.
Мандарините исчистете ги од белите жилички и од семките. Со блендер изблендирајте ги да се добие кашеста смеса.
Во дел од смесата растворете го пудингот и нишестото со 4 лажици шеќер. Другиот дел од смесата со мандарини и шеќерот оставете ги да зовријат па додајте го пудингот. Варете го 2-3 минути да се згусти и прелијте го пандишпанот. Оставете го да олади.
Откако ќе олади и стегне филот на пареа стопете ја чоколадата со маслото и прелијте ја над филот.
Оставете и чоколадата да се стегне.
Најдобро е да си се послужите откако ќе постои неколку часа за да се спојат вкусовите.
Тортата е едноставна, лесна и многу вкусна.
Лиценца: Сите права се задржани
Ovaa e od redot na ednostavni lesni torti so osvezuvacki vkus, kako da jades resani, sigurno ke si pretpostavite:)))
Ako e probate se nadevam ke bidete zadovolni:)) pozzz