Прелесна торта за правење, а и морам да ви признаам превкусна, која се јади во еден здив и тоа додека  се уште беше топла, кај нас ја снема. 

Подготовка:

1. Мандарините ги миеме убаво и ги сечеме на 4 делови. Значи не ги лупиме, туку ги оставаме со лушпата. Ги ставаме во блендер, исто во блендерот ги додаваме маслото, шеќерот, јајцата и ги блендира, додека не се добие убава хомогена смеса.
2. Во друг сад го ставаме брашното и прашакот за пециво, и потоа ја додаваме смесата од блендерот.
Мешаме полека, за да се соединат сите состојки. Ја ставаме смесата во набрашнета тава. Јас користев бр 30 за оваа количина на состојки.
3. Печеме во загреана рерна околу 30на минути, но јас секогаш си го користам за проверка методот со чепкалка за заби, на тој начин исто проверувам дали е готова.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови