Торта со мандарини
Состојки
- 5-6 мандарини
- 250 гр брашно
- 1 ќесичка прашак за пециво
- 100 мл масло
- 2 јајца
- 200 гр шеќер
Подготовка
Прелесна торта за правење, а и морам да ви признаам превкусна, која се јади во еден здив и тоа додека се уште беше топла, кај нас ја снема.
Подготовка:
1. Мандарините ги миеме убаво и ги сечеме на 4 делови. Значи не ги лупиме, туку ги оставаме со лушпата. Ги ставаме во блендер, исто во блендерот ги додаваме маслото, шеќерот, јајцата и ги блендира, додека не се добие убава хомогена смеса.
2. Во друг сад го ставаме брашното и прашакот за пециво, и потоа ја додаваме смесата од блендерот.
Мешаме полека, за да се соединат сите состојки. Ја ставаме смесата во набрашнета тава. Јас користев бр 30 за оваа количина на состојки.
3. Печеме во загреана рерна околу 30на минути, но јас секогаш си го користам за проверка методот со чепкалка за заби, на тој начин исто проверувам дали е готова.