Торта со лешници и рум
Подготовка на 1 и 3 пандишпан
Путерот и чоколадата стопете ги на пареа и оставете ги да оладат.
Јајцата изматете ги со шеќерот и ванилата да постанат светли и кремасти. Додајте ги путерот и чоколадата и повторно изматете. Додајте го брашното, лешниците и пецивото и измешајте ги со голема лажица да се изедначат.
Смесата истурете ја во голем плех намачкан со путер и посипан со брашно и печете во загреана рерна на 180 степени околу 15 -20 мин.
На истиот начин се подготвува и 3 пандишпан.
Подготовка на 2 пандишпан
Јајцата изматете ги со шеќерот и ванилата да постанет светли и кремасти. Додајте го маслото, изматите и на крај додајте го брашното и пецивото. Изматете ги да се изедначат.
Смесата ставете ја во намачкан со путер и набрашнет голем плех и печете во загреана рерна на 180 степени околу 10 мин.
Подготовка на филот
Пудинзите растворени со малку млеко и пола од шеќерот ставете ги да се варат во останатото млеко и шеќер кои претходно ќе ги оставите да зовријат. Мешајте додека се згустат. Тргнете ги на страна и покриени оставете ги да оладат.
Потоа изматете ги со путерот, додајте ги наполитанките и нутелата и доизматете ги да се изедначат. Ако сметате дека филот е премногу мек(затоа што при работата омекнува) пред да ги филовате корите ставете го во фрижидер.
Пандишпаните по редослед кафеав-жолт-кафеав претходно попрскани со млекото измешано со румот се мачкаат со филот. Одозгора се украсува со изматена слатка павлака.
Тортата е доста голема и погодна за големи поводи. Јас е направив за еден собир што си го организиравме овде кај што живеам и на сите им се бендиса.
Лиценца: Сите права се задржани