Торта со банани
Јајцата предвидени за пандишпанот ги матиме убаво со шеќерот и ги додаваме брашното, пецивото и ванилата. Со рачна мешалка го промешуваме добро брашното за да нема грутчиња. Подмачкуваме плех од рерна со малку зејтин и брашно. Ја истураме смесата и печеме околу десетина минути на околу 180 степени или зависно од рерната. Јас секогаш проверувам со чачкалица да не се лепи од тестото.
Додека се пече кората го припремаме филот.
Слатката павлака ја матиме да биде поцврсто уработена со 5 лажици шеќер. Во друг сад матиме 2 јајца со 3 лажици шеќер. Се заедно измешуваме добро да се изедначи смесата и ги додаваме мелените бисквити.
Добро промешуваме и го делиме филот на два дела.
Едниот дел го употребуваме за внатрешниот дел од филувањето на тортата, а половината за премачкување на ролатот однадвор. Пандишпанот го попрскуваме со шербетот (во овој случај шербетот од слаткото од киви по рецепт на ЛилиН) или сок за растворање. Ја филуваме кората и редиме бананите одприлика на околу 5 цм од почетокот на кората или како што се гледа на една од сликите. Додаваме аранчини ако сакаме.
Во оргиналниот рецепт се става еден ред банани, но во мојот случај ставив два реда бидејки тортата требаше да биде поголема, а и дозата е поголема.
Внимателно полека ја засукуваме кората во форма на ролат. Ја премачкуваме со остатокот од филот. Одозгора рендаме чоколадо или декорираме со мелени ореви. Јас овојпат додадов уште за половина доза состојки бидејки оваа торта ми беше по повод мојот роденден, па да има повеќе.
Рецептот за оваа торта го имам не знам веќе колку години, често се почестуваме со оваа тортичка омилена ни е на сите дома. Рецептот за оваа многу вкусна торта ми е од моја многу драга пријателка Михаела и користам прилика да и се заблагодарам за убавиот рецепт. Се надевам дека ќе ви се допадне бидејки е лесна за правење, а уште полесна за јадење и ви ја препорачувам. Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани