Торта од сладолед
Чоколадото растпоете го на пареа. Додајте го маргаринот и тргнете го садот од оган. Мешајте додека се растопи и маргаринот, па додадете ги постепено оризовите снегулки. Мешајте цело време за смесата убаво да се изедначи.
Калапот со пречник 20 см намастете го со масло. Ако немате таков на кој се вадат страниците, ставете во фиксен алу или најлон фолија, за да можите после тоа лесно да го извадите. Истурете ја смесата и добро распоредете тенко по дното и страниците. Оставете во фрижидер да се стегни.
За тоа време прашокот за сладолед пригответе го спрема упатството на кесичката. Можите да додадете и стугано чоколадо во него, по желба.
Кога смесата во калапот ќе се здрви, извадете ја од него и пренесете ја на чинија за сервирање. Наполнете ја внатрешноста со сладоледот и одозгора украсете со чоколадни трошки или стругано чоколадо. Вратете ја во замрзнувачот додека се стегни сладоледот. Сечете на парчиња и ладете се.
Овој рецепт си има и своја зимска варијанта. Наместо сладолед можите да ја наполните со готов фил од ванила, кој исто така ќе го припремите спрема упатството на пакувањето или едноставно, ставете го вашиот омилен крем од ванила.
Лиценца: Сите права се задржани
http://moirecepti.mk/recepti/desert/%D1%80%D0%B0%D1%98%D1%81-%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BB%D0%B0/#video
.... „маринирани“ со карамел, нешто како идеја ;)
и да дополнам за идејата. на такви итури му ја врела смесата од филот, веројатно ќе го подстопи само карамелот, а тие ќе останат крцкави. Хаха... сум станала уште не разденето денес и ете што правам-ти сервирам експериментални идеи хахаха
Ne davaj veke idei, meuri ke se napraime.:(
A za pecetnite greski ne zboraj, mnogu mi smeta sto nema opcija "izmeni go komentarot"!
Дани, ти зборуваш за чоко попс, оризови снегулки со какао и шеќер. Тие трпат топлина и остануваат крцкави. Кога ги правам шишарките со нив воопшто не чекам да се олади. :)