Торта Дамски желби
Драги мои дојде и мојот ред за 100-та рецепта!:)
Им се заблагодарувам на сите учесници во овој сајт за пофалби и критики, на екипата од Мои редепти, која дава можност да споделиме со наши вкусни рецепти и да научиме нешто од другите добри рецепти.
Направив јубилејна торта каде вложив труд и љубов и се надевам дека ќе Ви се допадне :)
Тортата навистина е вкусна и ги исполнува сите дамски желби. Поздрав, и се најубаво!!!!)
1. Сувите кајсии треба да се постојат во ладна вода, афионовото семе се вари во малку вода околу 5 минути, потоа се цеди низ крпа.
2. Пандишпан. Јајцето го матиме со миксер заедно со шеќерот, се додава павлаката и пак се мати додека да се соедини смесата. Потоа се додава брашно и пециво и сето тоа се промешува со лажица. Најпосле се додаваат исецканите ореви и какаото и смесата кратко се меша. Потоа ја ставаме во тава бр. 26 претходно намачкана со путер и ја печеме во загреана рерна на 180 степено околу 25-30 минути.
3. Оваа постапка се повторува уште 2 пати. На едниот пандишпан ги ставаме исецкани суви кајсии, а на другиот го ставаме афионовото семе. Печените пандишпани треба да оладат на решетка.
4. Изладените пандишпани се сечат наполу со што се добива 6 парчиња, кои ги премачкуваме со павлака измешана со шеќер во прав. Така приготвените пандишпани треба да отстојат еден час.
5. Крем. Во вареното млеко додаваме густин растворен во ладна вода, се промешува, се додава шеќер со ванила и пак се промешува додека шеќерот не се растопи. Во подизладениот крем се додава путер и се мати со миксер.
6. Со приготвениот крем се премачкуваат пандишпаните и се редат еден врз друг. На крај тортата се премачкува со преостанатиот крем и се попрскува со рендано чоколадо.
Сите состојки за тортата треба да имаат собна температура.
Готовата торта треба да отстои цела ноќ во фрижидер.
Лиценца: Сите права се задржани
Многу ми е драго што си овде со нас, зошто ни приложуваш многу различни рецепти, рецепти кои се и од едно друго поднебје, а сепак вкусни и лични. Тортата многу ми се допадна, а пресекот и е многу интересен . Ќе се ставам во редот на дамите кои би ја пробале со задоволство , особено тоа парчето на дополнителната фотографија како магнет ме привлекува:):):) Поздрав и дружбата продолжува!!!
Neka ti se mnozat uste mnogu recepti, na ovaa strana i druzbata prodolzuva
Уште еднаш ти честитам и се надевам дека ќе продолжиме понатаму.
Bravos za tebe mlada damo, tvoite recepti - prekrasni, ti posakuvam uste mnooogu, mnogu jubilei i uspeh na sekoe pole!!!
A, tortava....mmm... milina!
Тортата прекрасно изгледа, несомнено е и вкусна :)
твоите 100 рецепти ни отворија нови хоризонти, една кујна која не сме имале прилика да ја истражиме, но видовме дека не е многу далечна од нашата. Покрај тоа, научивме и по некој руски збор :)
Покрај трудот, твојот ненаметлив карактер, за кој погоре пишуваат и другите членки, не` плени сите нас. Навистина уживаме во твоето присуство на оваа страница, твоите рецепти и дружбата. Единствено нешто кое би сакале да се подобрува се` повеќе во следните рецепти се фотографиите.
Ти благодариме за овие твои 100 рецепти и ти подаруваме Делимано Апарат за гиро, печење месо и раженчиња. Честитки!
Со задоволство ги очекуваме твоите следни креации.
Тимот на МоиРецепти
Благодарна сум за вашите топли зборови замене и за моите рецепти, се надевам и понатаму ќе има добри и интересни рецепти, а верувам и вкусни) Верувам и сликите ќе се подобрат со моето понатамошно искуство.
Многу сум Ви благодарна за поклонот и навистина радосна. Фала за се, за моите објавени рецепти, за вашето дружење и за можност за дружење со друзите учеснички. Се надевам дека ќе се видиме во следната средба)
Со почит, поздрав!!!
Da si zdrava i ziva uste mnogu recepti so preubavi dekoraciii cekame od tvojata kujna:)) Pozdrav :*
многу ми е мило за твојот јубилеј :)
имаш преубави рецепти, особено ми се мили СТРАНСКИТЕ :D :D :D :D