Торта Дамски желби
Состојки
- За еден пандишпан потребно е
- 1 јајце
- 120 гр шеќер
- 120 гр павлака
- 80 гр брашно
- 1 пакетче пециво
- Во мојот случај има 3 пандишпана.
- Фил за пандишпаните
- 10 гр какао
- 100 гр исецкани ореви
- 100 гр афионово семе
- 100 гр суви кајсии
- За премачкување -
- 500 гр павлака
- 100 гр шеќер во прав
- За крем -
- 1 литар млеко
- 300 гр шеќер
- 150 гр густин
- 2 пакетче ванила
- 200 гр путер
- За украс -
- околу 100 гр чоколадо
Подготовка
Драги мои дојде и мојот ред за 100-та рецепта!:)
Им се заблагодарувам на сите учесници во овој сајт за пофалби и критики, на екипата од Мои редепти, која дава можност да споделиме со наши вкусни рецепти и да научиме нешто од другите добри рецепти.
Направив јубилејна торта каде вложив труд и љубов и се надевам дека ќе Ви се допадне :)
Тортата навистина е вкусна и ги исполнува сите дамски желби. Поздрав, и се најубаво!!!!)
1. Сувите кајсии треба да се постојат во ладна вода, афионовото семе се вари во малку вода околу 5 минути, потоа се цеди низ крпа.
2. Пандишпан. Јајцето го матиме со миксер заедно со шеќерот, се додава павлаката и пак се мати додека да се соедини смесата. Потоа се додава брашно и пециво и сето тоа се промешува со лажица. Најпосле се додаваат исецканите ореви и какаото и смесата кратко се меша. Потоа ја ставаме во тава бр. 26 претходно намачкана со путер и ја печеме во загреана рерна на 180 степено околу 25-30 минути.
3. Оваа постапка се повторува уште 2 пати. На едниот пандишпан ги ставаме исецкани суви кајсии, а на другиот го ставаме афионовото семе. Печените пандишпани треба да оладат на решетка.
4. Изладените пандишпани се сечат наполу со што се добива 6 парчиња, кои ги премачкуваме со павлака измешана со шеќер во прав. Така приготвените пандишпани треба да отстојат еден час.
5. Крем. Во вареното млеко додаваме густин растворен во ладна вода, се промешува, се додава шеќер со ванила и пак се промешува додека шеќерот не се растопи. Во подизладениот крем се додава путер и се мати со миксер.
6. Со приготвениот крем се премачкуваат пандишпаните и се редат еден врз друг. На крај тортата се премачкува со преостанатиот крем и се попрскува со рендано чоколадо.
Сите состојки за тортата треба да имаат собна температура.
Готовата торта треба да отстои цела ноќ во фрижидер.