Подготовка на филот
1. Изматете го шлагот со млекото и оставете го на страна.
2. Во поголем сад со миксер матете ги јајцата со шеќерот(околу 5 мин) додека го зголемат волуменот.
3. Додајте го маскарпонето и мешајте го со жица убаво да се спои во смесата, потоа додајте го шлагот и се заедно измешајте.

Филовање
1. Густиот сок малку затоплете го.
2. Во длабоко плехче (35х20х6) една до друга наредете половина од савојардите натопени во сокот, ставете малку повеќе од половина фил и над филот наредете ги сите јагоди.
3. Наредете ги останатите савојарди натопени во сок и одозгора ставете го останатиот фил.
4. Наросете го со чоколада во прав, покријте ја со фолија и оставете ја преку ноќ во фрижидер.
5. Уживајте во оваа вкусна и освежителна торта.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани