Најпрво ги сецкаме јагодите на мали парчиња.
Потоа ги матиме јајцата, псебно белкте со шеќерот посебно жолчките.
Во жолчките го додаваме маскарпонето, во белките слатката павлака и матиме додека не стане густо.
На крајот добиениот фил со слатка павлака и белките го додаваме во жолчките со маскарпонето.

Во правоаголен плех ги редиме бисквитите натопени во млеко па додаваме од филот и потоа ставаме од јагодите. Потоа редиме пак бисквити натопени во млеко и ја додаваме другата половина од филот и одозгора ставаме од јагодите.

Го ставаме тирамисуто да отстои неколу часа во фрижидерот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови