9
дек
2014
Тестенини во бел сос
Сварете ги тестенините (одберете некои поситни). Во посебен сад ставете ја неутралната павлака и парчињата топено сирење да се растопат. Мешајте повремено. Додадете го сувомеснатото и сирењето исецкани на ситни коцки. Мешајте уште 2-3 минути на умерен оган додека се подрастопи и кашкавалот (не мора целосно). Зачинете и посолете. Вмешајте го сосот во макароните и послужете ги топли.
Лиценца: Сите права се задржани