Испечати

Тестенини во бел сос

Тестенини во бел сос

Состојки

  • 350 гр тестенини
  • 250 мл неутрална павлака
  • 3 парчиња топено сирење
  • 100 гр сувомеснато
  • 100 гр жолто сирење или кашкавал
  • по вкус - босилек, црн бибер и хималајска сол (или обична)

Подготовка

Сварете ги тестенините (одберете некои поситни). Во посебен сад ставете ја неутралната павлака и парчињата топено сирење да се растопат. Мешајте повремено. Додадете го сувомеснатото и сирењето исецкани на ситни коцки. Мешајте уште 2-3 минути на умерен оган додека се подрастопи и кашкавалот (не мора целосно). Зачинете и посолете. Вмешајте го сосот во макароните и послужете ги топли.