Рецепт кој е многу лесен и брз за правење, а е со многу интересна комбинација на вкусови (благо, киселко, кремасто и ароматично).

Подготовка

1. Мелената плазма (или било какви мелени бисквити) се меша со стопен путер убаво и се натапкува во форма за тарт (20цм). Доколку бисвитите не се доволно засладени може да се додаде и шеќер по вкус. Се остава во фрижидер.
2. Кондензираното млеко се мати со крем сирењето и се додава сокот од зелен лимон (јас исцедив 4 лимони). Потоа додадов и малку зелена прехрамбена боја и добив убава, нежна зелена боичка.
3. Смесата се истура врз претходно подготвената основа, се израмнува и се враќа во фрижидер, да се стегне минимум 4 часа, а најдобро преку ноќ.
4. Пред послужување се декорира по желба. Јас декорирав со изматена слатка павлака, рендана кора од зелен лимон и парче зелен лимон.
Ова е прв рецепт што го споделувам овде, се надевам ќе ви се допадне.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови