Испечати

Тарт со зелен лимон

Тарт со зелен лимон

Состојки

  • 300г мелена плазма
  • 150г стопен путер
  • 1 лименка засладено кондензирано млеко (397г)
  • 250г крем сирење (собна температура)
  • 125мл сок од зелен лимон
  • Малку зелена прехрамбена боја (опционално)
  • 300мл слатка павлака
  • Рендана кора од зелен лимон
  • Парчиња зелен лимон

Подготовка

Рецепт кој е многу лесен и брз за правење, а е со многу интересна комбинација на вкусови (благо, киселко, кремасто и ароматично).

Подготовка

1. Мелената плазма (или било какви мелени бисквити) се меша со стопен путер убаво и се натапкува во форма за тарт (20цм). Доколку бисвитите не се доволно засладени може да се додаде и шеќер по вкус. Се остава во фрижидер.
2. Кондензираното млеко се мати со крем сирењето и се додава сокот од зелен лимон (јас исцедив 4 лимони). Потоа додадов и малку зелена прехрамбена боја и добив убава, нежна зелена боичка.
3. Смесата се истура врз претходно подготвената основа, се израмнува и се враќа во фрижидер, да се стегне минимум 4 часа, а најдобро преку ноќ.
4. Пред послужување се декорира по желба. Јас декорирав со изматена слатка павлака, рендана кора од зелен лимон и парче зелен лимон.
Ова е прв рецепт што го споделувам овде, се надевам ќе ви се допадне.