Кога на свадба ќе ми дадат пирошка и похован кашкавал со само една лажица демек тартар, онака колку да ми замачкаат тањир, ептен тешко ми паѓа. На сите ни е јасно дека за пирошките одиме на свадба =))

Повелете, рецепт за еден поубав тартар од оној мајонезот со кисели краставички =))

Во принцип и тартарот, како и секој друг сос се прави од око и по вкус, мерките ги пишав колку за ориентација.

Варената жолчка убаво се пасира со вилушка, се додава во мајонезот и се меша да нема грутчиња. Потоа на ситната страна од рендето се рендаат киселите краставички. Убаво се стискаат со рака да се исцеди сокот. Пожелно е да го исцедите, бидејки сосот ќе стане многу воденест. Имајте во предвид дека и бело вино треба да се додаде, па да не добиете тартар соК, а не соС =))
Потоа додадете ги и останатите состојки и убаво промешајте. По вкус додадете сол и бибер и малку сенф.

Супер е за со похувани јадења, чипсови, крекери и слични мезиња.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани