
Видео рецепт: Пилешки стек со чили и Тартар сос
Фичо ќе ни даде предлог за брз ручек – Пикантен пилешки стек со чили, зачинет со мајчина душичка. Вкусот ќе го надополни со домашен Тартар сос!
Подготовка
Чекор 1: Пилешките стекови ставете ги на хартија за печење. Посолете ги и наросете ги со црн бибер, додадете мајчина душица, ситно исецкани чили пиперчиња и убаво истријте го месото.
Чекор 2: Лукчињата ситно исецкајте ги и пропржете го на малку маслиново масло и лажица путер. Откако лукчето ќе фати боја, додадете ги стековите и додадете прстофат црвен пипер. Пилешкиот стек го пржите на средна температура.
Чекор 3: Во меѓувреме, пригответе го Тартар сосот. Ситно исецкајте ја киселата краставичка, додадете го мајонезот, сенфот, киселата павлака, сол и бибер. Промешајте и сосот е готов.
Чекор 4: Стековите сервирајте ги по желба декорирајте ги со тартар сос.
СОВЕТ: Доколку сакате повеќе луто, употребете повеќе чили пиперчиња. Пред да го зачините месото, пробајте колку се лути вашите пиперчиња, за да го прилагодите вкусот!