Посно тавче со спанаќ и коприви
Скромен за џеб и богат железо е овај предлог, па и брз за подготовка, да тргнам по ред.
Се мие спанаќот и се чисти од шишки. Kопривите прво треба малку да се обарат во врела вода некои 5 мин-доволно, се цедат, кромидот сечкан, лукот исто.
На тавче загреваме масло, се пржи кромидот, се става оризот кој прво сме го измиле во некоја вода-цедиме. Kога почне да се собира на купчиња при пржење се ставаат копривите само минутка да спржат, се става малку црвен пипер и се трга од оган.
Во друг сад искинат на крупно се става спанаќот, нека омекни мешаме. Кога испари водата ја ставаме претходната смеса, долеваме вода, зачини. Во загреана рерна ставаме тавчето нека се печи на 180 при крај ставаме од сечканите ореви. 20 мин. се доволни во рерна за ручекот, ќе се впие цела вода. Инаку овај ручек е смислен како за во посници, го декорирав со малку пиперче, павлака и копар само за надополнување на изгледот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови