Чорба од коприви и млад кромид (посно)
Пролетна чорба, многу вкусна а што е најбитно бидејќи е пост може да се направи и посна. Младите коприви се сечкаат и се попаруваат со вода, кромидчето ситно се сечка, се става во помал сад на оган масло да се вжешти. Се пропржува на кратко морковот, се додава кромидот, малку да се омекни, на крај копривите, настрана во сад се прави мешавина од печеното брашно со вода и се налева во садот со пропржен зеленчук, се ставаат зачините. Нека си прокрчка 15 минутки и доколку сметате дека е потребно уште вода,сами додевајте до саканата густина.
Настрана во меѓувреме се мати јајце,можи и 1 лажица павлака(за посна варијанта без нив).Се трга од оган и се става јајцето во чорбата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови