
20
мар
2015
Коприви со праз и кромид (посно)
Добро познато е дека копривите се доста корисни за крвта и соджат голем процент на железо.
Најпрво копривите ги миеме во 3-4 води и потоа ги попаруваме со врела вода и оставаме да одстојат околу 5 мин. Потоа ги цедиме и ги ставаме во загреано масло. Го додаваме исецканиот кромид, праз и исецканите пиперки. Го додаваме и црвениот пипер и водата. Оставаме сето тоа да се обари т.е омекне и кога водата ќе испари додаваме брашно и пржиме уште 10 мин. Додаваме сол и мешан сув зачин. Пробајте!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
.Бицко ако имаш уште свежи коприви, направи си сируп :)