Испечати

Чорба од коприви и млад кромид (посно)

Чорба од коприви и млад кромид (посно)

Состојки

  • 2 грста врвови од млади коприви
  • 3-4 парченца млад кромид со перца
  • 1 морков ситно рендан
  • 2 полни лажици печено брашно
  • 300 мл. млака вода
  • 1 лажица мешан сув зачин,малку црн пипер
  • 5-6 лажици масло
  • 1 јајце изматено,павлака

Подготовка

Пролетна чорба, многу вкусна а што е најбитно бидејќи е пост може да се направи и посна. Младите коприви се сечкаат и се попаруваат со вода, кромидчето ситно се сечка, се става во помал сад на оган масло да се вжешти. Се пропржува на кратко морковот, се додава кромидот, малку да се омекни, на крај копривите, настрана во сад се прави мешавина од печеното брашно со вода и се налева во садот со пропржен зеленчук, се ставаат зачините. Нека си прокрчка 15 минутки и доколку сметате дека е потребно уште вода,сами додевајте до саканата густина.
Настрана во меѓувреме се мати јајце,можи и 1 лажица павлака(за посна варијанта без нив).Се трга од оган и се става јајцето во чорбата.