Традиција си е традиција веднаш штом излезе натпреварот прво што ми дојде на памет е рецепт со гравче и тоа со ќофтиња. Верувајте дека нема да погрешите доколку го подготвите преубав ручек прав македонски традиционален.

Подготовка
Гравчето го киснам со мала количина на вода од навечер. Утредента го варам првата вода ја исипувам додавам цела главица кромид, морков и везена свежа пиперка. Варењето зависи од гравот, варите на тивок оган. Зрната не треба да се распаднат, но треба да бидат варени меки.
Одкако гравот ни е варен го пресипувам во земјена тава. Кромидот и морковот ги пасирам со вилушка додавам магданос и ситно сецкано лукче, мешан зачин, оригано, бибер и буковец.
Во тава го пропржувам брашното кратко сипувам зејтин мешам и додавам црвен пипер.
Запршката ја сипувам во гравот додавам малку топла вода доколку фали во земјената тава.

Подготовка на ќофтињата
Содржината од кесичето од фант го сипуваме во 150мл.млака вода,промешуваме и оставаме да одстои неколку минути
На подготвениот фант му го додаваме меленото месо и добро промешуваме.
Од смесата обликуваме ќофтиња кои ги пржиме во загреано масло.
Ќофтињата ги ставаме врз тавчето гравче додаваме сецкан магданос и печеме половина час на 200степени.
Убавина од ручек слободно можам да кажам еден од нашите поомилени.
Подгответе и уживајте!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани