1.Се става гравот да се вари.
2. Додека се вари гравот се пржи ситно насецканиот праз на половина од количината од зејтинот, се зачинува со зачините.
3. Сварениот грав се подпржува со брашното и црвениот пипер, се додава во него испржениот праз и се измешува.
4. Вака спреманиот грав се става во земјена тава или во малите земјени садови, се става во рерна и да се подпече, притоа внимавајки да не изврие многу како не би останал сув.

Совет- Ова е оригиналниот рецепт - а доколку вие обожавате да биде без подпршка, можете слободно така да си го спремате - подеднакво е добар. Во таа варијанта само ке подгрееете зејтин, тргнете го настрана и ставете црвен пипер, па прелијте го гравот.
Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани