Тавче гравче со зелен грав
Зелениот грав секогаш го користам затоа што не ги ствара оние непотрени надувувања на стомакот поради опната или лушпата,побрзо се вари и може да стои во фрижидер за длабоко замрзнување без проблем.
Гравот се налева со вода и се става да се вари. Се вари со отворен капак првите неколку минути затоа што вриејќи се добива пена и да не ви искипе. Овој грав не расте многу при варењето и бидеќи содржи зрното вода брзо се вари најмногу околу 40 минути. Во водата кај што се вари се додаваат ловорот, 3 лажици зејтин, главица кромид и морковот. Одкако е сварен гравот се цеди, а морковот и кромидот се пасираат. Еден страк од празот се сецка и се пржи на зејтинот. Се додаваат и пиперките исецкани, сецканото лукче, црвениот пипер и 2 лажици брашно. Убаво се пржи и се истура врз исцедениот грав. Се меша се заедно и се истура во тава за печење, а одозгора се сечат доматите на тркалца, празот на ленти, се додава една чаша вода од исцедениот грав, се зачинува со сол и бибер и се пече околу 20 минути на 250.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
И сега за зелен грав прашање: Зелен се вика оти е пред време собран, демек не дозреан или навистина е зелен по боја? :) Претпоставувам она првото. И ако е така, значи го мрзниш за да не дозрее стоејќи? Не сум чула до сега за мрзнење грав, ете, уште нешто ново денес пак научив.
зелен пред време набран или зелен по природа (и општество)? :) :) :) :)
Navistina LUDO jas i ne sum nekoj ljubitel na grav ama ovoj zeleniov mi go podnesuva zeludnikot bez problem i bez voobicaenite simptomi-naduenost,kiselini:)