Тавче гравче со зелен грав
Состојки
- 1кг зелен грав
- 3л вода
- 3 моркови
- 2страка праз
- 2 црвени домати
- 1главица кромид
- 3листови ловор
- 150мл зејтин
- 2 црвени пиперки
- 2чешниња лук,сол,црн бибер
- 2лажици брашно
- 2лажици црвен пипер
Подготовка
Зелениот грав секогаш го користам затоа што не ги ствара оние непотрени надувувања на стомакот поради опната или лушпата,побрзо се вари и може да стои во фрижидер за длабоко замрзнување без проблем.
Гравот се налева со вода и се става да се вари. Се вари со отворен капак првите неколку минути затоа што вриејќи се добива пена и да не ви искипе. Овој грав не расте многу при варењето и бидеќи содржи зрното вода брзо се вари најмногу околу 40 минути. Во водата кај што се вари се додаваат ловорот, 3 лажици зејтин, главица кромид и морковот. Одкако е сварен гравот се цеди, а морковот и кромидот се пасираат. Еден страк од празот се сецка и се пржи на зејтинот. Се додаваат и пиперките исецкани, сецканото лукче, црвениот пипер и 2 лажици брашно. Убаво се пржи и се истура врз исцедениот грав. Се меша се заедно и се истура во тава за печење, а одозгора се сечат доматите на тркалца, празот на ленти, се додава една чаша вода од исцедениот грав, се зачинува со сол и бибер и се пече околу 20 минути на 250.