Старинска баклава (Саралија)
Ова е рецепт на старинска редена баклава што се правела за Божик и се нарекува Саралија. Оригиналниот рецепт е со сукани кори, но јас ја правам со готови кори...полесно, но исто така е убава.
Се прави во округло плехче бр. 36.
Плехчето се намрсува со малку масло.
Гризот се пржи на малку масло колку да зарумени малку. Се реди во плехчето, првин 2 кори, па се става од гризот, па пак две кори, врз нив се посипува сецкани ореви, па пак кори со гриз и така се додека се потрошат корите, гризот и оревите. Одозгора се покрива со три кори. Се сече во вид на цвет.
Се попарува со врело масло и се пече.
Шербетот се вари, кога ќе запени е готов. На крај се ставаат 2 ванили и сок од 1 лимон. Се полива баклавата изладена, шербетот топол. Се остава убаво да го впие шербетот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови