Празнична класика. Мојата временска машина, баклавата на баба ми!

1. Во подмачкана тава се редат корите. Секоја кора се попрскува со мешавина од вода и зејтин, а врз секоја трета кора се ставаат сецканите и мелени ореви.
Постапката се поторува се додека да се потрошат корите. Последната кора се премачкува со мешавина од вода и шеќер. Готвачка финта за да не се усукува кората.

2. Баклавата се сече на коцки или дијгонално, кој како љуби. Путерот и зејтинот се загреваат и со таа мешавина се прелива баклавата. Се пече во загреана рерна на 180Ц додека да добие златна боја.

3. Потоа се подготвува шербетот. Водата, шеќерот и лимонот се варат 5-10 мин. Доволно за да згусне, а да не е како мед. Се остава да се лади. Баклавата се лади и се прелива со млак до ладен шербет како би останала крцкава. Кришките лимон се редат на баклавата. Декоративни се и превкусни.

Уживајте во уникатниот вкус на старите времиња!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови