Срце слатко пециво
Секогаш кога ќе видам интересни форми од тесто добивам желба да ги направам. Така беше и со овие срца. Беа љубов на прв поглед, а после и на прв залак.
Во садот каде ќе месите ставете го брашното (јас секогаш го просејувам), во средина ставете го јајцето и малку разбијте го со рака. Млекото стоплете го и во него ставете ги шеќерот, солта, путерот да се растопи и квасецот. Потоа ствете го во брашното и замесете мазно тесто. Тестото покријте го и оставете го на топло да стаса.
Оревите измешајте ги со шеќерот, циметот и млекото за да добиете густ крем кој може да се мачка.
Откако тестото ќе стаса, премесете го и направете 25 топчиња со големина на орев (по 25-26 грама). Секое топче расукајте го во круг и премачкајте го со 1 лажичка од филот. Свиткајте ролат и преклопете го на половина. Потоа ролатот исечете го долж долгата страна на половина, речиси до крајот, а сечете таму каде била средината на ролатот. Двете половини свиткајте ги кон надвор, и толку. Ете го срцето (Видете на дополнителните фотографии).
Срцињата наредете ги во плех обложен со хартија за печење и печете ги во загреана рерна, на 180 степени, 20-25 минути.
Пријатен апетит!
За уште побогат вкус, заменете го млекото во филот со слатка павлака. Може да ги филувате и со мармалад, само нека биде погуст.
Лиценца: Сите права се задржани