По желба на моето синче, оваа година роденденската торта ни е со омилениот суперхерој Спајдермен.

Подготовка -
Пандишпан
Ги матиме белките со постепено додавање на шеќерот до згуснување. Потоа ги додаваме останатите состојки претходно соединети. На истиот начин се прават сите 3 пандишпани. Смесата се истура врз хартија за печење и печеме во загреана рерна на 180 степени , околу 20 минути (проверуваме со чачкалица).

Чоколаден фил (го правев на двапати со преполовени состојки)
Жолчките ги матиме на пареа заедно со шеќерот до нивно згуснување. Го додаваме чоколадото, мешаме да се стопи. Добиениот фил го покриваме со стреч фолија да остине. Потоа соединуваме со претходно измиксиран путер.

Ганаж Фил
На средна температура ја загреваме слатката павлака (да не зоврие) го додаваме и чоколадото, мешаме да се растопи целосно. Покриваме со стреч фолија да излади на собна температура, па го оставаме да излади во фрижидер. Миксираме до згуснување.

Редење на тортата
Пандишпан, ганаж фил, чоколаден фил, итн.
Декорираме по желба.

Забелешка - пред да го печам едниот пандишпан, врз хартијата за печење ставив 200 гр сецкани ореви. Откако ќе се испече тој пандишпан, го премачкуваме со еурокрем од страната кај оревите, па филуваме. Тој пандишпан го ставив во средина.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани