16
дек
2015
Спанаќ лазањи
Спанаќот се мие, чисти и обарува.
Кромидот се сече на парчиња поситно и се пржи на зејтин. Одкако ќе застакли се додава и месото и убаво се пропржува околу 10 минути. Се зачинува со сол, зачин, црн бибер и буковец и се налева со 1л доматен (по можност домашен) сос и се остава да проврие.
Во соодветен сад се реди еден ред од лазањите па 3-4 црпалки од сосот и врз него се става спанаќ. Се повторува додека заврши зарзаватот и најгоре се ренда сирењето. Се покира со фолија и се пече околу 40 минути на 180 .
Лазањите се со малку поинаков вкус поради составот, но затоа се доста колоритни и привлечни за јадење.
Лиценца: Сите права се задржани