Многу вкусноооо, многууу, како да јадев пита со сирење.
Оваа пита ја правев за Божиќниот пост, ама еве сега ќе ви ја претставам, па можеби ќе се допадне некому што пости и ќе си ја направи.

1. Бадемите ги ставаме во вода што врие 1-2 минути и ги вадиме. Ги оставаме малку да оладат па им ја отстрануваме лушпата. Ги оставаме да се исушат, па ги мелеме во машинка за мелење ореви. Сите состојки за посното сирење ги ставаме во блендер или сечко и фино ги мелеме до поврзување.
2. Спанаќот со малку вода го бланшираме на тивок оган да омекне, првата вода ја фрлам, па повторно ставам малку вода за да омекне спанаќот и таа ја фрлам. Го ставаме во цедалка да се исцеди од вишокот вода.
3. Кромидот ситно го сечкаме и го пропржуваме на маслиново масло, додаваме бибер и малку сол. Го оставаме да се излади.
4. Потоа спанаќот, сирењето од бадеми и кромидот ги промешуваме, а рерната ја уклучуваме на 200 степени. Започнуваме со редење на питата во намрсена тава.
5. Секоја кора ја редиме половина да биде во тавата, а половина надвор од неа и ја прскаме со масло насекаде и на внатрешните и на надворешните делови и се така до последната кора.
6. Филот го распоредуваме насекаде, па го поклопуваме со надворешните делови од корите. Ја премачкуваме со масло и ја посипуваме со сусам.
7. Печеме до зацрвенување или околу 20-25 минути. Потоа ја вадиме и ја премачкуваме со вода со помош на четка или пак само ја попрскуваме додека е жешка за да омекне.

Забелешка
Ако си јадете маргарин може да се попрскуваат корите и со стопен маргарин. Печев во правоаголна тава со димензии 38х23 или бр.40. Ми излезе пита со оваа дебелина. Ако сакате подебела користете помало тавче.
Бадемите можете да ги средите и од вечер, ама и на лице место се подготвуваат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани