Подготовка
1. Бадемите се ставаат во вода да киснат најмалку 10 часа.
2. Потоа се лупат и се ставаат во блендер со лимоновиот сок, солта, пробиотикот и вода.
3. Се блендира сето ова, па се става во газа која ја ставаме на место од кое ќе се цеди вишокот на течност, на темно место и собна температура. Треба да исферментира за околу 24 часа.

По ова поминато време имате преубаво сирење налик на кравја урда, на кое можете да му додадете ситно насечкан млад или стар кромид или што ќе посакате на пр. маслинки, лукче, зачини по желба. Или пак ако не сте само на жива храна, прекрасни сендвичи и салати се прават од ваквото сирење.
На главната фотографија е сликано без никакви додатоци, а на дополнителната фотка има и со младо кромитче во него. Тој вкус е посебен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани