Сирење од бадеми (посно, сурово)
Подготовка
1. Бадемите се ставаат во вода да киснат најмалку 10 часа.
2. Потоа се лупат и се ставаат во блендер со лимоновиот сок, солта, пробиотикот и вода.
3. Се блендира сето ова, па се става во газа која ја ставаме на место од кое ќе се цеди вишокот на течност, на темно место и собна температура. Треба да исферментира за околу 24 часа.
По ова поминато време имате преубаво сирење налик на кравја урда, на кое можете да му додадете ситно насечкан млад или стар кромид или што ќе посакате на пр. маслинки, лукче, зачини по желба. Или пак ако не сте само на жива храна, прекрасни сендвичи и салати се прават од ваквото сирење.
На главната фотографија е сликано без никакви додатоци, а на дополнителната фотка има и со младо кромитче во него. Тој вкус е посебен.
Лиценца: Сите права се задржани
Бидејќи немам баш време, некако го одложував рецептот да го направам ,ама сега навистина редовно го правиме. А причината за одложување беше тоа лупењето на бадемите (немам ставено фотографија, зошто набрзина ги излупивме со домашниве), ама кога видоа по дома колку е вкусно, сега за овој дел од работата помагаат , а јас си терам друга работа:):):) Поздрав на сите!
a za receptov pa nemam zborovi,sekoja cest na inovativnosta i kreativnosta i posakuvam i moite eksperimenti da bea bare polovina uspesni od tvoite :)
ova definitivno ke go probam za brzo vreme :)