6
фев
2014
Сос со сланина, ореви и маслинки
Сланината се сецка на ситни парчиња и се пропржува на путерот. Се додаваат и оревите и кратко се пропржуваат. Се додава брашното се меша 1-2 минути и се налева водата и павлаката. Сосот се остава да проврие 2-3 минути.
Се додава рузмаринот, сол и црн бибер и се трга од рингла. На крај се додаваат и ситно исецканите маслинки се промешува и се остава сосот покриен со капак да одседи 2-3 минути. Се сервира по желба со месо, риба а може и со тестенини.
Малку необичен, но убав вкус. Сосот е доволно солен од сланината и маслинките затоа изборот дали ќе го посолите е индивидуален.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
LiliN fala ti-kaj mene site sakaat sosovi i cesto gi pravam pa ideite doagaat sami po sebe:):)