19
апр
2013
Солен колач со аспарагус и рикота
Во зовриена вода вода ставете го аспарагусот да се обари(5-10 минути).
Во длабок сад со жица изматете ги јајцата. Додајте го млекото и убаво изматете.
Потоа постепено додајте го брашното измешано со пецивото. Додајте сол и убаво измешајте да не останат грутчиња.
Кон изматената смеса додајте го обарениот аспарагус исечен на поголеми парчиња, оревите, рикотата и маслото.
Убаво со мешање соединете ја смесата.
Во правоаголен калап ставете хартија за печење и истурете ја смесата.
Печете на 200 степени 35 минути, додека убаво порумени.
Лиценца: Сите права се задржани
А колачов изгледа супер.
Може мала помош? Се обарува претходно? Како треба да изгледа за да бидам сигурна дека е свеж?