- На собна температура омекнат маргарин добро се меша со сирењето, се додава брашното - осолувате на вкус. Целото тоа добро измешајте, ставете го садот во фрижидер да одстои најмалку 2 часа за да се смесата стврдне како би можеле полесно да ги оформувате.
- По одстојувањето оформете со рака или со лажица за сладолед или пак форма која вие ја сакате, брцнувајте ги во разматеното јајце, потоа посипувајте со миксот на семиња. Може и само сусам.... како сакате,
- Наредете ги во плекче послано со хартија за печење, ставете да се печат во претходно загреана рерна на 170 степени околу 23-30 мин.
- Послужете ги сосема оладени.
Напомена
- Мерите на рецептот забележавте дека се 1 према 1 , значи колку грама маргарин, толку грама сирење и брашно. Прилагодувајте спрема вашите потреби.
- Рецепт на Тијана и Јоли
... Со сигурност ви тврдам дека можете да користите и добро оцедена урда, (мислам на по сува) рендано сирење- ова како замена кога немате крем сирење. Сум правела во сите варијанти - секогаш ми се вкусни. Како се брзо прават, уште побргу ги снемува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани