Солени кифлички со јогурт и белки
Состојки
- 1 чаша Млеко
- 1 чаша Зејтин
- 1 чаша Јогурт (или кисело млеко)
- 1 коцка Квасец
- 1м.л. Шеќер
- 2м.л. Сол
- 2 Белки
- околу 1кг. Брашно
- за премачкување
- 2 жолчки
- малку сусам, ленено семе
- малку Маргарин
- за внатре Урда
Подготовка
Зарем има нешто повкусно од тазе испечени соленки, кои со својот неодолив мирис што го шират ти отвараат апетит??? Ние дома го обожаваме мирисот и вкусот на топли соленки кои бргу ги снемува од тавчето.
Подготовката на овие вкусни соленки е на следниот начин
1. Од сите наведени состојки замесуваме средно меко тесто без претходно да го активираме квасецот...ако сакате може, ама не мора.
2. Го оставаме тестото (покриено со стреч фолија, па завиткано во чаршафче) да стаса, односно да го дуплира својот волумен, па започнуваме со формирање на соленките.
3. Ги редиме во плех врз хартија за печење, ги покриваме и ги оставаме да стасаат, па ги премачкуваме со жолчките и ставаме сусам и парченце маргарин.
4. Печеме во загреана рерна на 220 степени додека да поруменат.
Добар апетит!