Солени путер бухтли
Убави мирисни, путер бухтли или погачки како сакате, со убаво полнење во кое можете да си додадете и нешто по желба и вкус, на пр. оригано, малку кечап и сл.
1. Квасецот го растопуваме во малку млеко, лажица брашно и лажица шеќер и го оставаме да стаса. Путерот го сечкаме на коцки и го ставаме во останатите состојки, па замесуваме средно меко тесто. Го оставаме да се одмори и да стаса.
2. За тоа време на ситни коцки ги сечкаме шунката и кашкавалот и заедно ги промешуваме.
3. Откако ќе стаса го расукуваме тестото и вадиме кругчиња со модла. Прво околу 15-16, па со тестото што ни останува уште десетина.
4. На секое кругче редиме од полнежот па од страните го собираме тестото и секое топче го потопуваме до половина во стопен путер, па го редиме во тавче бр. 28 со потопената страна нагоре. Ги оставаме 20 минути да стасаат, а за тоа време ја загреваме рерната на 200 степени.
5. Пред печење ги премачкуваме со разматено јајце и ги посипуваме со ким. Печеме околу ½ час додека да поруменат.
Погачава со бухтлите ми требаше за повод, така да немав можност да го фотографирам нивниот пресек ама ќе има и други прилики.
Калапчево ми е со дијаметар со 10 см.
Лиценца: Сите права се задржани